Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ГОРИ КОНВОЈ: Украинците тврдат дека со ХИМАРС елиминирале руски војници

(ВИДЕО) ГОРИ КОНВОЈ: Украинците тврдат дека со ХИМАРС елиминирале руски војници

Украинците тврдат дека уништиле конвој полн со руски војници со ХИМАРС, за  што е објавена и снимка. 

Во нападот извршен во петокот, погоден е конвој од воени камиони и автобуси, кој, според украински извори и локални информатори од регионот Донецк, превезувал руски војници. Нападот претходно го координирале разузнавачките сили кои го лоцирале движењето на конвојот.

Видеата и фотографиите што подоцна се појавија на социјалните мрежи, а беа објавени од самите руски војници, покажуваат уништен автобус, оштетени камиони и остатоци од касетна муниција. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во саботата дека украинските сили го вратиле селото Андријевка во североисточната Сумска област, како дел од напорите за протерување на руските сили од областа. 

Рактерите ХИМАРС Украина ги доби од САД. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година.


Слично

Поврзани вести