Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Гори американскиот конзулат во Дубаи

(ВИДЕО) Гори американскиот конзулат во Дубаи

Американскиот конзулат во Дубаи се запали откако, според првичните информации, го погоди дрон, пишуваат американските медиуми.

Сомнежите се дека станува збор за директен удар од ирански дрон што се случил доцна вечерва.

Директното таргетирање на американската дипломатска мисија на територијата на Обединетите Арапски Емирати е сериозен инцидент што би можел да предизвика уште порадикален и поширок воен одговор од Вашингтон.

САД и Израел во саботата го нападнаа Иран, а во нападите загина и ајатолахот Али Хамнеи. 

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека сега е предоцна за преговори со Иран.

фото принтскрин

Американскиот државен секретар Марко Рубио потврди дека дрон го погодил паркингот покрај зградата на конзулатот на Соединетите Американски Држави во Дубаи, при што избувнал пожар.

Слично

Поврзани вести