(ВИДЕО) ГОРЕШТИНИ ВО РУСИЈА: Во Москва е срушен рекордот од 1917 година
Горештини има и во Русија. Во Москва е срушен рекордот од 1917 година.
Русите денеска се соочија со највисоките температури во повеќе од еден век. Москва го собори рекордот поставен во 1917 година, а градовите во најголемата европска земја „вриеја“ на температури далеку над 35 Целзиусови степени.
Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин ги повика жителите на московската метропола, која има повеќе од 20 милиони жители, да преземат мерки на претпазливост и да избегнуваат да излегуваат надвор во најжешките периоди од денот.
foto EPA
Слично
