Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ГОРЕШЕ ШОПИНГ ЦЕТАР ВО КИНА, ЗАГИНАА ШЕСТ ЛУЃЕ: Многумина останаа заробени

(ВИДЕО) ГОРЕШЕ ШОПИНГ ЦЕТАР ВО КИНА, ЗАГИНАА ШЕСТ ЛУЃЕ: Многумина останаа заробени

Шест лица загинаа, а некои останаа заробени откако денеска избувна пожар во трговски центар во Кина, јавува кинеската државна телевизија CCTV. Пожарот избувнал околу 18 часот по локално време во градот Зигонг, во кинеската провинција Сичуан. На снимката која се појави на социјалните мрежи се гледа огромен облак од црн чад како се издига над 14-катницата.

Речиси 300 работници на брзата помош и десетици возила пристигнаа на местото на настанот. Противпожарната единица го изгаснала пожарот во 20 часот и 20 минути. Од центарот се спасени 30 лица. Не е познато колкумина се уште се заробени. Во јануари избувна пожар во зграда во Кина, при што загинаа најмалку 39 луѓе. Неколку дена пред тоа изгоре интернат во провинцијата Хенан, при што загинаа 13 деца.


Слично

Поврзани вести