(ВИДЕО) Гореше фабрика за гуми за авиони и воена опрема во Русија
Пожар изби во фабрика за воена опрема во Барнаул во Русија.
Огнот зафатил површина од илјада квадратни метри, по што пожарникарите го изгаснале, јавуваат руските медиуми. Пожарот избувнал во Алтај, фабрика за производство на гуми за авиони и воена опрема. Во акцијата учествувале 110 пожарникари со 33 возила. Спасени се тројца луѓе. Причината за пожарот уште не е објавена, а локалното обвинителство отвори истрага. Неодамна беа нападнати три руски воени бази.
Вид на пожар в Барнауле. С матерком огонёк... pic.twitter.com/0kxqz4Okzc
Слично
