(ВИДЕО) Голот против Македонија може да го чини Светско првенство!
Фудбалската репрезентација на Камерун би можела да биде значително ослабена на Светското првенство во Бразил. Еден од клучните напаѓачи Пјер Вебо постигна атрактивен гол „со ножички“, но притоа сериозно си го повреди рамото со што е доведен во прашање неговиот настап на Мундијалот.
Напаѓачот на Фенербахче веднаш по голот мораше да го напушти пријателскиот натпревар против Македонија, кој на крајот заврши со резултат 2-0 во корист на Камерун.
Неговата репрезентација на Светското првенство е во тешка група со Бразил, Мексико и Хрватска. Еве како изгледаше голот против Македонија, но прашање е дали се исплатеше ваква егзибиција на пријателски натпревар:
http://www.youtube.com/watch?v=Cg_yraq5jC0
Слично
