Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Голготата на бегалците заробени меѓу границите

(ВИДЕО) Голготата на бегалците заробени меѓу границите

Во студ, дожд и кал ја минаа ноќта бегалците кои вчера останаа заглавени на српско-хрватската граница.

Илјадници бегалци и мигранти се обидуваа да најдат било какво засолниште од лошите временски услови што дополнително им го отежнаа патот.

Меѓу нив има и многу жени и деца, кои молат за помош. Сирискиот конфликт предизвика 2 милиони деца да станат бегалци.

„ Патуваме до Германија, за да ставиме крај на нашата агонија и болка во која живеевме.Нашите животи засекогаш се сменија. Ние немаме минато, немаме ништо. Се е уништено. Само сакаме некој да не разбере” – со солзи раскажува 15-годишната Шајмае на емотивно видео што го објави УНИЦЕФ.

[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=aIx4CoM8YxU[/embed]

Словенија утринава пропушти повеќе од 5 илјади бегалци да влезат во земјата. Но, тоа е само дел од стотиците бегалци кои молат да им се отворат границите.

Словенечките власти тврдат дека Словенија нема капацитет за прием на толку голем број на луѓе, па полицијата ја затвори границата за сите возила.

Во меѓувреме, Владата на Хрватска е подготвена да почне со изградба на ограда на границата со Србија доколку пропадне планот за транзит на бегалците кон Словенија.

Слично

Поврзани вести