Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Големата тајна на првиот човек на Епл откриена на емисија во живо

(ВИДЕО) Големата тајна на првиот човек на Епл откриена на емисија во живо
Директорот на Епл Тим Кук се најде во незавидна позиција кога еден водител на американскиот телевизиски канал CNBC во својата емисија открил дека Кук е хомосексуалец. Во емисијата во живо, која одела во петокот наутро, се говорело за тоа како големите корпорации не ги охрабруваат своите директори јавно да признаат дека се хомосексуалци, пишува Форбс. Меѓутоа, водителот Симон Хобс како противаргумент навел дека директорот на технолошкиот гигант Епл Тим Кук е личност на висока позиција во една корпорација која е прилично отворена кога станува збор за својот сексуален живот. “Тим Кук е прилично отворен околу фактот дека е хомосексуалец“, рекол Хобс. Но, всушност, Кук тоа никогаш не го признал. Во тој момент во студиото настанала незгодна тишина. Џим Стјуарт, еден од гостите во емисијата, кој пишувал токму на тема директори-хомосексуалци рекол дека Кук никогаш не зборувал за својата сексуална ориентација. Американските медиуми сега нагаѓаат дали и како на ова ќе реагира прозваниот Кук, кој никогаш ниту потврдил ниту демантирал дека е хомосексуалец. http://www.youtube.com/watch?v=aoUJqH3SGwY
Слично

Поврзани вести