(ВИДЕО) ГОЛЕМА РАЦИЈА ВО БРИСЕЛ: Уапсен организаторот на масакрот во Париз!
Ројтерс и RTL radio пренесуваат дека Salah Abdeslam е уапсен во текот на полициска акција во кварталот Моленбек.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/sakirkhader/status/666192984698957824?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]
Голем број припадници на полиција во утринските часови стигнале на улиците во Делауноу во кварталот Моленбек во Брисел а според извештајот на репортерот на Јутарњи лист кој се наоѓа на лице место, на работ на полицискиот кордон кој е поставен на 10 метри од зградата каде се одвива операцијата, пукање се слушнало, меѓутоа не било можно да се утврди дали се работи за предупредувачко пукање или е разменет оган меѓу две различни страни.
Белгиските медиуми наведуваат дека полицијата користејќи мегафон повикува едно лице да се појави на прозорот на една повеќекатница и да ги крене рацете во знак на предавање.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/hyyo-W55nn8[/embed]Се претпоставува дека белгиската полиција се обидува да го пронајде Salaha Abdeslam, белгискиот државјанин за кој се сомнева дека учествувал во терористичките напади во Париз како директен извршител и продолжена рака на водачот на операцијата, , Abdelhamida Abauda.
Abaud е осуден во одсуство на 20 години затвор поради нападот на полицијата во почетокот на оваа година во Белгија, но и покрај апсењето во Грција успеал повоторно да се префрли во Сирија, каде станал еден од најактивните членови на ИД.
Наскоро подетално...
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/paulrbrennan/status/666189531700469760?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]
