(ВИДЕО) ГОЛЕМА ПОБЕДА, АЛЕПО ПАДНА: Војската на Асад ги зазеде сите окрузи, бунтовниците избегале
Сириската војска и нејзините сојузници преземаа целосна контрола над сите окрузи во Алепо, откако бунтовниците се повлекоа од градот, соопшти денес неименуван извор од сириската војска.
Одбраната на бунтовниците вчера е турната, што овозможило голем напредок на сириската војска во повеќе од половина преостанати делови на Алепо, кои беа под контрола на бунтовниците, и доведе до повлекување на бунтовниците во неколку окрузи на западниот брег на реката, пренесе Ројтерс.
Сириската војска и нејзините сојузници се пред прогласување на победа во Алепо, рекол претходно извор во сириската војска, откако бунотвниците во тој сириски град денес се сведени на многу мала територија, која непрестајно ја посипуваат со бомби.
Известувачот на Ројтерс во зоната која под контрола ја држат силите на сириската влада, јавува дека бомбардирањето на бунтовничките зони во Алепо продолжило вчера без престанок, додека еден цивил кој таму е „заглавен“ ја опишува состојбата како „судниот ден“.
„Борбите во источно Алепо би требало да бидат завршени брзо. Бунтовниците немаат многу време. Или ќе мора да се предадат, или ќе умрат“, рекол за новинарите во Алепо генерал Заид ал Салех, началник на безбедносниот комитет за тој сириски град.
Сириската опсерваторија за човекови права соопштила дека 60 луѓе, вклучувајќи и цивили и борци, се убиени вчера со гранати или од огнено оружје, кога сириската војска извела напад на неколку квартови под контрола на бунтовниците во Алепо.
Бутовниците вчера попладне се повлекоа од сите квартали на источната страна на реката која проткува низ Алепо, откако изминатата ноќ го изгубиле квартот Шеик Саид, на југот оа малата територија која останала во нивните раце, наведува Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Лондон.
Бунтовничката енклава која брзо се намалува, се преполовила за само неколку часа, а директорот на Опсерваторијата Рами Абдул Рахман рекол дека за битката во Алепо доаѓа крај.
Во дистриктите кои ги заземале владините сили, војниците веќе почнаа да слават пукајќи во воздух, а возачите со сирени ја најавуваат победата, покажуваат нимките кои ги објави сириската државна телевизија.
Руското Министерство за одбрана соопшти вчера дека 728 бунтовници го положиле оружјето во изминатите 24 часа и дека преминале во западниот дел на Алепо, како и дека 13 346 цивили во истиот период ги напуштиле дистриктите под контрола на бунтовниците во Алепо.
Иако падот на Алепо би им задал огромен удар на бунтовниците кои се обидуваат да го турнат од власт Башар Асад, Асад и понатаму би бил далеку од воспоставување на контрола во целата земја, иако големи делови на Сирија остануваат во рацете на бунтовниците, а Исламска држава во неделата повторно го зазеде древниот град Палмира, заклучува Ројтерс.
