Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Голема хаварија на метрото во Москва – најмалку три лица загинаа!

(ВИДЕО) Голема хаварија на метрото во Москва – најмалку три лица загинаа!
Најмалку три лица загинаа, а неколку десетици се повредени во сериозната хаварија на московското метро, која се случи утрово. Несреќата се случила кога се откачиле дел од вагоните на линијата Арбатско-Покровскаја и излетале од шините. „Тројца се починати, повредени се 20, а 10 се хоспитализирани", соопштил соговорник од Оперативниот штаб на Министерството за вонредни ситуации на Русија, но според одредени извори, бројот на повредени веќе се искачил на 50 лица. Возот излетал на таканаречената „сина линија“ на московското метро, во момент кога возот се наоѓал меѓу две станици, со што многу патници останале заробени во тунелите. Според првичните информации, вагоните застанале бидејќи напонотѕ на струја нагло паднал, но уште нема информации што го предизвикало прекинот. Возачот за медиумите раскажал дека имал чувство како нешто од надвор да го запрело возот. http://www.youtube.com/watch?v=RdKFRBGUBn4 http://www.youtube.com/watch?v=RuJhfp8DVVQ
Слично

Поврзани вести