Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ГОЛЕМ УДАР ЗА АСАД: Падна уште еден град во Сирија

(ВИДЕО) ГОЛЕМ УДАР ЗА АСАД: Падна уште еден град во Сирија

Падна и градот Хама, еден од најголемите во Сирија.

Сириската армија информира дека се повлекува од стратегиски важниот град Хама, што претставува втор голем пораз за сириската власт, откако минатата недела терористичката коалиција го зазеде градот Алепо.

Државната новинска агенција САНА, објави дека сириската војска наведува дека судирите со терористичките групи станале поинтензивни, што довело до пробивање на тие групи во неколку делови од градот.


Алепо, вториот по големина сириски град, повторно го зазедоа терористички групи потиснувајќи ги силите на претседателот Башар ал Асад.

Ова е голем удар за сирискиот претседател Асад и неговите сојузници Иран и Русија.

Граѓанската војна во Сирија почна во 2011 година, кога владата ги задуши протестите против Асад.

foto EPA

Слично

Поврзани вести