Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Голем пожар во нафтено депо до Киев уби повеќемина пожарникари

(ВИДЕО) Голем пожар во нафтено депо до Киев уби повеќемина пожарникари
Силна експлозија убила неколку пожарникари при обид да го локализираат големиот пожар во депо со гориво до украинската престолнина Киев, што се запалило ноќеска, соопштија од Министерството за внатрешни работи на земјата. Украинската влада изјави дека неколку пожарникари загинале во големиот пожар во нафтениот магацин. Најмалку 9 резервоари за складирање на бензин во депото во Василков, 30 километри од Киев, се запалиле. Од вонредната служба соопштиле дека е преземена голема операција за справување со пожарот. Мобилизирани се пожарникари од 62 единици и три воза кои испорачуваат опрема и вода. Имаше огромна експлозија во депо со гориво. Има загинати пожарникари, напишал на „Твитер“ министерот за внатрешни работи Арсен Аваков. Од вонредната служба соопштуваат дека најмалку петмина пожарникари се повредени. Пожарот започнал од еден од резервоарите и се ширел кон другите. Според извори на „УНИАН“ пожарот настанал најверојатно при погрешно користење на опремата при обид за кражба. „Франс прес“ објави дека 180 пожарникари имало во објектот за време на експлозијата. Не е јасно колку се преживеани. Депото се наоѓа до една од најголемите воздухопловни бази во Украина. [embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/tb8tQVKvYWk[/embed]
Слично

Поврзани вести