(ВИДЕО) ГОЛЕМ ПОЖАР ВО РОСТОВ НА ДОН: Зафатени домови, луѓето се извлекуваат
Властите во градот Ростов на Дон во Русија прогласија вонредна состојба, откако голем пожар го зафати центарот.
Над 400 пожарникари и шест хеликоптери се распоредени за гаснење на огнот во зградите. Запалени се најмалку 25 приватни домови. Повеќе од 500 луѓе се евакуирани од своите домови. Руската служба за вонредни ситуации информираше дека гори површина од околу 10.000 квадратни метри и дека стотици луѓе се евакуирани. Засега не се пријавени жртви и не се знае причината за пожарот.
Слично
