Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ГОЛЕМ ПОЖАР ВО ИЗМИР: Дел од куќите се оштетени од огнот

(ВИДЕО) ГОЛЕМ ПОЖАР ВО ИЗМИР: Дел од куќите се оштетени од огнот

Голем пожар беснее кај Измир и се доближи до куќите. 

Локалните власти веднаш почнаа со евакуација на граѓаните кои, видно вознемирени, ги напуштаат своите домови за да се спасат од огнот. Општинските служби на Измир се ангажирани со сите расположливи ресурси во обид да го запрат ширењето на огнената стихија. 

Пожарот веќе предизвика штета на повеќе куќи во погодената област. Интервенцијата продолжува непрекинато, а екипите се борат да спречат огнот да навлезе во други населени зони.

Големите пламени јазици се приближија до Аеронаутичкото техничко училиште и популарната пикник-зона Сарнич, што доведе до пореметување на авио-сообраќајот. Аеродромот Аднан Мендерес во Измир веќе има откажани повеќе летови, а за останатите се регистрирани значителни доцнења.

И лани во Измир имаше пожари. 
фото принтскрин


Слично

Поврзани вести