Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Голем пожар се шири во Чешка, чадот се чувствува и во Прага

(ВИДЕО) Голем пожар се шири во Чешка, чадот се чувствува и во Прага

Голем пожар се шири во Чешка. Противпожарната бригада ги советуваше луѓето во бројни области на Чешката Република да ги затворат прозорците, додека тие се борат со големиот шумски пожар во националниот парк Чешка-Швајцарија кој се наоѓа на границата со Германија, јавува Би-Би-Си.

Чадот да се прошири низ целата земја. Неколку куќи се уништени, а мирисот на чад стигна до главниот град Прага, односно 100 километри на југ. Чад има и во областа Пардубице, која е на 180 километри од пожарот.

Стотици чешки пожарникари се ангажирани на терен, додека пожарот уништи шума и куќи во селото Мезна. Пожарот му се закануваше и на селото Хренско блиску до германската граница, а десетици луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.

Три германски тима кои помагаа, заминаа на германската страна од границата. Во повеќе европски земји летово имаше пожари. Словенија се соочи со најголемиот пожар од осамостојувањето. 

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести