Економија, финансии, бизнис

Контакт

(Видео) Голем пораз за ИСИС, Палмира целосно ослободена

(Видео) Голем пораз за ИСИС, Палмира целосно ослободена

По долги борби во текот на ноќта и со голема помош од руската авиација, сириската војска успеа да ја врати контролата врз Палмира. Ослободен е и стариот град и станбените објекти.

Тие успеале да ги притиснат силите на Исламската држава да се повлечат он Сохне, Ракот и Деир Езор – областите кои владеат во северниот и источниот дел на Сирија.

Снимките од битките покажуваат бранови од експлозии во внатрешноста на Палмира и чад што се издигнува над зградите, додека тенковите и оклопните возила отворат оган од перифериите на градот.

Ова е најжестокиот напад откако пред три недели почна офанзивата на сириската армија и на сојузничките милиции за да ја преземат контролата над овој пустински град и да отворат пат за понатамошни напади врз упориштата на ИСИС во источниот дел на земјата.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/wWzCwE9ipBg[/embed]
Слично

Поврзани вести