Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ГОДИШНИЦА ОД АРАПСКАТА ПРОЛЕТ: Во 2 минути погледнете како започна ХОСОТ кој и понатаму трае

(ВИДЕО) ГОДИШНИЦА ОД АРАПСКАТА ПРОЛЕТ: Во 2 минути погледнете како започна ХОСОТ кој и понатаму трае

Тунис синоќа одбележа пет годишница од Арапската пролет, сеќавајки се на човекот поради кого почнаа протестите.

Мухамед Буазизи (26) продавал зеленчук на улица, но наишле инспектори и му ја конфискувале робата, во декември 2010 година. Бидејќи инспекторите не сакале да го сослушаат, тој се полил со бензин и запалил пред зградата на општината.

Неговиот гест бил против сиромаштијата и неможноста да на било кој начин заработи пари. Мухамед после две недели починал во болница. Неговото самозапалување потикна на протести низ цел Тунис, кои доведоа до пад на режимот на претседателот Бен Алија.

Тоа случување била границата која го зафатила цел арапски свет. Селеделе масовни протести во Египет, и дошло до соборување на Хоснија Мубарак кој на власт бил 30 години.

Потоа на ред дошла и Либија, во која бил сменет и Моамер Гадафи, а во која и понатаму владе безредие и хаос.

Повеќе месечните протести потикнале и смена на режимот во Јемен, додека во Сирија почнало да се врши притисок врз претседателот Башар ал Асад да се повлече. Граѓанската војна во Сирија трае веќе петта година и не се гледа крајот.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/uuVRwDBiKws[/embed]  
Слично

Поврзани вести