Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ГО УРЕДУВАЛ ПЛАКАРОТ, ПА ВО КАПУТОТ НАШОЛ ЛИВЧЕ: Токму тоа го направило милионер!

(ВИДЕО) ГО УРЕДУВАЛ ПЛАКАРОТ, ПА ВО КАПУТОТ НАШОЛ ЛИВЧЕ: Токму тоа го направило милионер!

Грегорио де Сантис од Монтреал доживеал шок кога наговорен од својата сестра почнал да го уредува плакарот. Во постава на капутот пронашол ливче од лотарија купено 10 месеци порано. 

Советот на неговата сестра се покажал доста профитабилен. Де Сантис заработил 1,35 милиони долари.

„Кога отиде да го потврди ливчето, мислеше дека добивката би можела да биде 1.750 долари“, изјавил работникот на лотарија во Квебек.


Сестрата на Де Сантис го советувала дека е време да го прегледа плакарот и да ја одвои старата облека за во добротворни цели.

Тогаш наишол на ливче од лотарија кое го купил во декември 2017та година. 

-Никогаш не би го средил тој плакар без неа-рекол среќникот.

Де Сантис кој од седумдесетите години играл лотарија, освоил помала добивка од 4000 канадски долари во почетокот на 2000 година.

Со освоените пари планира да ја зголеми пензиската заштеда.



Слично

Поврзани вести