Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ГО ПРОБОЛЕ ВО СРЦЕ: Руски турист е убиен во Истанбул, сакале да му го украдат телефонот

(ВИДЕО) ГО ПРОБОЛЕ ВО СРЦЕ: Руски турист е убиен во Истанбул, сакале да му го украдат телефонот

Руски турист починал откако е прободен со нож во срце во центарот на турскиот град Истанбул.

Турскиот портал ДХА oбјави дека во неделата околу 08:30 часот дошло до конфликт меѓу рускиот државјанин Вјачеслав Нечипорук (40) и четворица локални жители во централниот дел на Истанбул, Таксим. Напаѓачите наводно се обиделе да му го одземат телефонот на Русинот. 

На социјалните мрежи се појави видео од нападот. Тепачката ја забележале жители на улицата и минувачи. Еден од нив, Хусеин Јорулмаз, кој го видел инцидентот и притрчал да му помогне на туристот, за локалните медиуми изјавил дека го видел напаѓачот со нож во раката.

„Видовме дека има многу крв кога му ја кренавме облеката. Дотогаш тој веќе падна на земја. Се обидовме да му пружиме прва помош“, вели Јорулмаз.

Брзата помош го однела Русинот во болница, но лекарите не успеале да му го спасат животот.

Полициската управа на Истанбул го потврди инцидентот и соопшти дека двајца осомничени веќе се приведени. Се бараат уште двајца. Одделот за безбедност во Истанбул веќе ги обвини уапсените за убиство со умисла и поднесе тужба до судот.

Пред неколку дена, Русин кој избегал од Русија за да се спаси од мобилизација за војната во Украина, загина во напад на ајкула во Египет. 


Слично

Поврзани вести