(ВИДЕО) ГО ОТКРИЈА ИДЕНТИТЕТОТ: ЦИА и „MI6“ знаат кој се крие зад Џихад Џон!
Американските и британските разузнавачи откриле кој е злогласниот Џихад Џон, лицето од терористичката Исламска држава (ИСИЛ) кој стана познат по тоа што пред камерите со нож им ги сечеше главите на заложниците.
Разузнавачките служби не сакаат да го откријат вистинскиот идентитет на Џихад Џон. Аки Периќ, поранешен агент на ЦИА, вели дека неговото име намерно се држи во тајноста бидејќи е проценето дека тоа е повеќе од корисно.
Може да извршат притисок на неговото семејство, на негововите пријатели. Можеби ќе го најдат патот до него. Можеби дознале кои му се роднини и дали некој кој оди во Сирија може да го идентификува. Кога би им кажале на сите кој е тој, неговиот вистински идентите, тој веројатно би исчезнал и би ги закрил сите трагови“, вели Периќ за Си-Ен-Ен.
Последната снимка на која Џихад Џон се појавил е од вчера кога побарал откуп за двајцата јапонски заложници и се заканли дека ќе ги убие доколу Токио одбие да плати.
Слично
