Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ГО ОСТАВИЛ УДОБНИОТ ЖИВОТ ВО СЕМЕЈНАТА КУЌА: Германски тинејџер две години живее во возови

(ВИДЕО) ГО ОСТАВИЛ УДОБНИОТ ЖИВОТ ВО СЕМЕЈНАТА КУЌА: Германски тинејџер две години живее во возови

Тинејџер го напуштил домот и веќе две години живее во возови. 

Ласе Столај го оставил удобниот живот во семејната куќа. Тој од август 2022 година постојано патува и живее во возовите, пишува „РТЛ тудеј“. Патувањето го почнал од мало гратче во Германија на далечниот север, а досега поминал  650.000 километри. Тоа е еднакво на обиколување на Земјата повеќе од 15 пати. Ласе досега поминал повеќе од 6.700 часа во возовите.

„Можноста секој ден да одлучам каде сакам да одам е едноставно одлична – тоа е слобода. Ми се допаѓа што можам само да гледам низ прозорецот додека патувам и да гледам како пејзажот брзо поминува… и тоа што можам да го истражувам секое место во Германија“, додал Ласе.
Тој патува само со ранец. Најголемиот трошок од 5.888 евра бил билетот за прва класа на германските железници, a истиот го добил со попуст. 

По завршувањето на средното училиште, тинејџерот гледал документарен филм за човек кој живеел во возови. Потоа успеал да го реализира истото. Родителите прво биле против, а потоа го поддржале. 

фото Инстаграм


Слично

Поврзани вести