(ВИДЕО) ГО ДРЖЕЛЕ ГОЛ ВО БЕТОНСКА ЌЕЛИЈА ДВЕ НЕДЕЛИ: Затвореник премрзна до смрт во американски затвор
Поранешен затворски чувар во Алабама се изјасни за виновен
за смртта на ментално болен човек кој починал од хипотермија, откако бил држен
гол во бетонска ќелија две недели.
Џошуа Конер Џонс постигна договор за признавање на вината со обвинителите во врска со третманот на двајца затвореници во затворот во округот Вокер. Тој се согласи да се изјасни за виновен по една точка поврзана со негирање на правата на затвореникот Тони Мичел (33) минатата година. Тој, исто така, се изјасни за виновен по одделна точка за негирање на правата на друг затвореник.
Температурата на телото само 22 степени
Во договорот е наведено дека пет лица учествувале во малтретирањето на Мичел и дека таквите активности резултирале со смрт на затвореникот. Од ова може да се заклучи дека истрагата се уште е во тек и дека повеќе луѓе би можеле да бидат обвинети за смртта на Мичел, пишува АП.
Мичел почина на 26 јануари 2023 година, откако беше изнесен од затворот во собата за итни случаи со телесна температура од 22 степени Целзиусови, стои во обвинението поднесено од неговата мајка. Во договорот за признавање вина се наведува дека Мичел „речиси секогаш бил гол, влажен, премрзнат и покриен со измет додека лежел на подот без подлога или ќебе“.
„Го направивме тоа заедно. Го убивме“
Џонс во договот признал: „Тоа го направивме заедно. Го убивме“. Мичел, кој имал историја на зависност од дрога, бил уапсен на 12 јануари откако доживеал ментален удар.
