Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Гибралтар ја стави на аукција луксузната јахта на руски олигарх

(ВИДЕО) Гибралтар ја стави на аукција луксузната јахта на руски олигарх

Руски олигарх остана без јахта вредна 75 милиони долари, oткако Гибралтар ја одзема и стави на аукција. 

Властите ја запленија во март, откако американската банка ЈП Морган објави дека нејзиниот сопственик Дмитриј Пумпјански се откажал од условот на заем за 20 милијарди долари. До Гибралтарскиот адмиралски суд се доставени 63 понуди за јахтата која собира 12 патници во шест кабини и има базен, спа центар, 3D кино и опрема за водени спортови. Јахтата Axioma е првата запленета луксузна јахта за која се знае дека е ставена на аукција откако Западот воведе санкции за богатите Руси блиски до рускиот претседател Владимир Путин.

Пумпјански според Forbes поседува богатство вредно 2 милијарди долари. Повеќе руски богаташи останаа без своите јахти, а замрзнати им се и имоти во странство. И тие беа предмет на санкции поради руската инвазија на Украина. 


Слично

Поврзани вести