Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ГИ УБИВА СТУДЕН БРАН: Во Америка студот зема жртви-ектремно ниски температури

(ВИДЕО) ГИ УБИВА СТУДЕН БРАН: Во Америка студот зема жртви-ектремно ниски температури

Екстремните студови и понатаму беснеат во голем дел од САД, а најмалку девет луѓе во последните недели го изгубиле животот поради исклучително ниски температури.

Најновата жртва е 27-годишна жена од Висконсин, чие тело синоќа е најдено на брегот на езерото.

Претходниот ден во Милвоки се пронајдени тела на двајца мажи. Полицијата верува дека студот е причина за смртта на уште еден маж од Северна Дакота чие тело е најдено во близина на реката.


Властите отвориле и прифаќалишта на Југот каде би можеле да се засолнат луѓето со оглед на исклучително ниските температури во Алабама и Џорџија.

Во Јужна Дакота се измерени -36 степени Целзиусови, што е најниска температура измерена за Нова година во последните 99 години.

Во голем дел на САД Нова година почна со екстремни студови, некаде и рекордни кои одложиле и некои прослави.

Американската метеоролошка служба издаде предупредување поради ветрот кој по такво време го зголемува чувството на студ, а кој се однесува на големи пространства на САД-од Тексас на Југ до Канада на север, како и од Монтана на запад до Нова Англија на исток.


Слично

Поврзани вести