(ВИДЕО) Ги погоди силен земјотрес, сега ги чека цунами
Земјотрес од 7 степени денеска ги погоди Филипините.
Потресот е забележан на камера, а бил на длабочина од 66 метри.
Засега нема податоци за повредени, жртви и штети.
Предупредување за цунами е издадено на некои делови од Филипини и Индонезија по земјотресот.Според првите предвидувања брановите треба да бидат помали од еден метар над вообичаеното ниво. Епицентарот на потресот се наоѓа околу 162 километри од провинцијата Давао. Сеизмолошката агенција соопшти дека се можни последователни удари.
Сеизмолозите ги советуваат луѓето да бидат подалеку од плажата.
Слично
