Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ГИ НАСМЕА СИТЕ: Бајден ги допираше мускулите на еден снимател

(ВИДЕО) ГИ НАСМЕА СИТЕ: Бајден ги допираше мускулите на еден снимател

Претседателот на САД, Џо Бајден направи уште еден гаф. 

Тој ги насмеа новинарите при прошетка со францускиот колега Емануел Макрон за време на самитот на Г20 кој се одржа на Бали. Бајден, всушност, ги коментираше мускулите на еден снимател. 

„Овој човек има големи мускули. Се надевам дека сме на иста страна“, рече на шега Бајден.

Но, некој му дофрли дека снимателот е Русин. По ова, Бајден ги допираше мускулите на човекот.

„Не ми е гајле кој е. Тој има навистина големи бицепси. Ние ги нарекуваме пиштоли“, рече Бајден.

Бајден и досега имаше повеќе гафови. Грешеше имиња на држави, се шегуваше со млада девојка, а еднаш беше снимен како падна од велосипед. 


Слично

Поврзани вести