Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ГИ ГРАДЕЛЕ ЈУГОСЛОВЕНСКИ КОМПАНИИ: Уништени се две брани во Либија

(ВИДЕО) ГИ ГРАДЕЛЕ ЈУГОСЛОВЕНСКИ КОМПАНИИ: Уништени се две брани во Либија

Уништените се браните, кои ја предизвикаа катастрофата во Либија, а ги изградиле југословенски компании.

Двете брани над градот Дарна во источиот дел на државата, кои пукнаа и предизвикаа поплави со илјадници жртви, ги изградија југословенски компании. Браните изградени во 70-тите, веројатно, се многу лошо одржувани, пренесува „Кликс.ба“.

Дарна во минатото се соочуваше со поплави и затоа владата одлучи да изгради брани за да го заштити. Големите поплави го оштетија градот во 1941, 1959 и во 1968 година, а оние од 50-тите беа најразорни.

Поплавите од 1986 година беа ублажени со новите брани и водата не го потопи градот.  Горната брана имаше капацитет од 1,5 милион кубни метри вода, а втората до 22 милиона кубни метри вода. Поранешната југословенска, сега српска компанија „Хидротехника-Хидроенергетика“, на својата веб-страница објави дека меѓу 1973 и 1977 година изградила две брани и голем број објекти, како тунели, пумпни станици и акумулации во регионот на Дарна. Заменик-градоначалникот на Дарна призна дека браните не се одржуваат од 2002 година.

Дерна продолжи да ги брои загинатите во четвртокот, откако разорните поплави однесоа цели населби и оставија илјадници мртви. Се стравува дека во поплавите загинале дури 20.000 луѓе.


Слично

Поврзани вести