Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Германците си прават сеир со Ердоган – султанот бесен!

(ВИДЕО) Германците си прават сеир со Ердоган – султанот бесен!

Сатирична песна во која се бие шега со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, ги залади односите меѓу Турција и Германија.

„Ероган Ердоган Ердоган” е името на хумористичната песна која беше емитувана во емисијата на германската телевизија NDR.

Турција не чекаше многу, па веднаш го повика германскиот амбасадор Мартин Ердман и побара забрана за емитување на песната против претседателот.

Нему му била врачена и протесна нота во знак на револт од „провокацијата” на Германците.

Во песната на германски јазик, се критикуваат случаите на апсење новинари, поради наводни политички разлики, несоодветниот начин на спречување на протести и методите со кои Турција се справува со курдските бунтовници, кои според авторите на композиицјата, се полоши и од начинот на кој земјата се бори со Исламската држава.

[youtubevideo url='https://www.youtube.com/watch?v=R2e2yHjc_mc']
Слично

Поврзани вести