Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ГЕРМАНИЈА: Немири на антиимигрантските протести во Дрезден

(ВИДЕО) ГЕРМАНИЈА: Немири на антиимигрантските протести во Дрезден

Нови антиимигрантските протести во Германија. Речиси 20 илјади луѓе се собраа на митингот на движењето „ПЕГИДА“ во Дрезден. Протестите завршија со немири.

До судирите дошло кога органите на редот се обиделе да ги поделат учесниците на митингот на „ПЕГИДА“ од Контра кои сакаале да им го попречат патот.

germanija 2

Поддржувачите на „ПЕГИДА“ фрлале предмети по полицијата. Има еден повреден и еден уапсен. Трнливи судири имаше во текот на ноќта. Според „ПЕГИДА“ помеѓу 15 и 20 000 луѓе се собраа на плоштадот во центарот на Дрезден по повикот на движењето.

germanija

Популарноста на движењето не престанува да расте, рамноправно со антиимигрантските немири. До крајот на годината во земјата се очекува да пристигнат над 1 милион бегалци.

Тие продолжуваат да доаѓаат по своевиден бегалски автопат кој беше формиран на Балканот. Синоќа Хрватска ги ослободи граничните премини на границата со Србија и ги пушти луѓето од север кон Словенија.

Таму исто така престана да се ограничува протокот на бегалци и пуштиле вкупно 5000 лица кои чекаа под дождот на границата. Љубљана најави дека ќе пропушта по 2.500 луѓе дневно на својата територија, но сама се откажа од оваа политика.

 
Слично

Поврзани вести