Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ГЕРМАНЦИТЕ ВОЗНЕМИРЕНИ: Балканци носат печено животно на ражен низ улиците

(ВИДЕО) ГЕРМАНЦИТЕ ВОЗНЕМИРЕНИ: Балканци носат печено животно на ражен низ улиците

Балканци носат печено животно на ражен низ улиците, а Германците викаат полиција. 

Пред десет дена полицијата во Нојнкирхен примила неколку повици за четворица мажи кои носат печено животно на ражен. Очевидци повикале полиција и изјавиле дека животно било набиено на ражен со виснати нозе. Снимени се и видеа кои кружат на социјалните мрежи, пренесува магазинот Феникс. Наводно има уште едно видео на кое се гледа дека животното веќе е печено. Второто видео е снимено од возило во движење.

Покрената е истрага поради сомневање за прекршување на Законот за благосостојба на животните. На некои од клиповите се гледа дека станува збор за овца. 

Неколку дена подоцна полицијата излезе со нови информации и откри дека мажите на видеото се Бугари кои живеат во Нојнкирхен.


Слично

Поврзани вести