Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК ВО ФРАНЦИЈА: Полицијата со солзавец го разбива протестот во Париз!

(ВИДЕО) ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК ВО ФРАНЦИЈА: Полицијата со солзавец го разбива протестот во Париз!

Француските машиновозачи, наставници и контролори на авиособраќајот стапија денеска во генерален штрак, отфрлајќи ја реформата за работна недела од 35 часа и измена на другите прописи на пазарот на труд.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/yangauchard/status/715476829990039552?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed] Улиците на Париз се полни со штрајкувачи, а полицијата фрлила солзавец на толпата со луѓе обидувајќи се да ги разбие. Во некои градови избија и судири со полицијата, пренесоа светските медиуми.
Демонстрантите во Нант се обидоа да упаднат во градското собрание, кое го гаѓале со фарба и камења.[youtubevideo url='https://youtu.be/yqEuwifyNLY'] Студентски организации и синдикати на работници исто така им се придружија на протестите ширум Франција, повикувајќи ја социјалистичката влада да го отфрли предложениот закон, кој , како што тврдат, ќе и наштети на заштитата на правата на работниците. [embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/52efc58e47c14b3/status/715475154353000450?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed] Најавено е дека штрајкот нема да го погоди парискиот аеродром Шарл де Гол, но околу 20 одсто од летовите на аеродромот Орли се откажани. Исто така ќе бидат затворени повеќе училишта, но и поедини болници и државни телевизии. [embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/TelegraphTravel/status/715267403085717505?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

Ајфеловата кула денеска е затворена, а компанијата која управува со неа соопшти дека нема доволно работници за нејзино отворање.

Владата во Париз и претпријатијата тврдат дека реформите ќе и помогнат на економијата, бидејќи ќе им се олеснат на компаниите вработувања и отпуштања на работници.

Со предлогот на владата технички се задржува 35 часовна работна недела, но на компаниите им се дозволува да организираат алтернативно работно време, што подразбира работна недела и до траење до 48 часа или работа од 12 часа дневно. Во вонредни околности, вработените според предлогот на владата би можеле да работат и до 60 часа неделно.

Слично

Поврзани вести