(ВИДЕО) Газда од соништата: Изградил „чоколадно царство“ за вработените!
„Чоколаден град“ или „Најслаткото место во светот“ - вака е познато гратчето Херши во американската сојузна држава Пенсилванија, седиште на чоколадната индустрија „Херши“, но и пример за неверојатен однос на газдата кон работниците.
Малото гратче со нешто повеќе од 14 илјади жители се развило целосно за потребите на „чоколадното царство“ на Милтон Херши, основано пред повеќе од 100 години.
„Неговата визија беше индустриска утопија, вистински чоколаден град во кој секој што сака може да добие работа, децата растат на чист воздух, во кој хипотеките би исчезнале во трајна благосостојба“, пишува Џоел Глен Бренер, опишувајќи го сопственикот на „Херши“ во книгата „Цареви на чоколадата“.
Таа визија Херши ја остварил. „Обезбедил бесплатна медицинска заштита, ја финансирал електричната енергија, водата и трамвајската услуга, театри, сала за танци, базен, училиште и игралиште за хокеј. Им градел куќи на вработените, а секоја била проектирана на поинаков начин за да се избегне градот на наликува како создаден од една компанија“, вели Морт Роузблум во книгата „Чоколада“.
Сите услуги за вработените во фабриката и денес се бесплатни.
Ваквата грижа за вработените воопшто не го намалила профитот на газдата, туку напротив „Херши“ и денеска е вистинска чоколадна империја. Неодамна компанијата’ влезе и на кинескиот пазар, купувајќи го најголемиот кондиторски производител во Кина - „Шангај Голден Монки Фуд Џоинт Сток“. Целосното преземање на 80% удел во оваа компанија треба да се случи во вториот квартал од годинава, кога жителите на Кина ќе започнат да консумираат еден од најпродаваните чоколадни брендови во САД.
Повеќе за тоа како беше изграден Херши, во видеото:
http://www.youtube.com/watch?v=K-YRevHegL8
Слично
