Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ГАЛЕРИЈА) Унгарската полиција застана воз за Австрија, за да ги симне мигрантите од него

(ВИДЕО-ГАЛЕРИЈА) Унгарската полиција застана воз за Австрија, за да ги симне мигрантите од него

Унгарската полиција го застана првиот воз, кој тргна за градот Шопрон крај границата со Австрија, и им нареди на мигрантите да слезат во градот Бичке каде има центар за прифаќање на мигранти, пренесоа агенциите.

Сите други патници се симнале и се качиле на резервниот воз.

avstrija migranti 6

Мигрантите удирајќи однадвор по прозорците на возот и извикуваа „Никаков камп, никој камп“. Околу 50 полицајци од силите за борба против немири се распоредени блиску до возот.

Полицијата испразнила еден од вагоните. Уште пет вагони со мигранти сеуште стојат на станицата. Некои од имигрантите лежеле по шините и одбивале да продолжат кон кампот.

avstrija migranti

Возот со над 200 мигранти тргна денес од централната станица во Будимпешта кон границата со Австрија, пренесоа светските агенции. Меѓународните возови во Унгарија се запрени.

avstrija migranti 3

Според информациите на станицата возот се насочува кон граничните градови Сомбатхеи и Шопрон. Тој тргнал од железничката станица „келеш“ во Будимпешта денеска наутро. Возот бил запрен на железничката станица во Будимпешта во текот на два дена, објавија германските медиуми.

avstrija migranti 5

Станицата продолжи со работа утрово, откако беше затворена во период од два дена од унгарските власти.

avstrija migranti 1

Јанош Лазар, началник на кабинетот на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, изјавил на прес-конференција дека унгарската полиција ќе се придржува кон сите правила на Шенген и ќе ги изврши потребните проверки на мигрантите кои патуваат кон западните граници на земјата, пренесоа агенциите.

avstrija migranti 2

Лазар додал дека хаосот на источната станица во Будимпешта се должи на контроверзната порака на Германија кон сириските мигранти.

avstrija migranti 4

„Тоа е затоа што Германија им кажа на Сиријците пред повеќе од една недела, ги очекува во нивната земја“, изјавил Лазар. Тој додал дека следниот ден Германија се обидела да наметне контрола над мигрантите.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/j0oxkS6F_hw[/embed]
Слично

Поврзани вести