(ВИДЕО-ГАЛЕРИЈА) МОРНИЧАВО: Објавени првите фотографии од „Ер Азија“ под вода!
Истражувачите соопштиле дека ја пронашле опашката на авионот на „Ер Азија“ кој паднал во Јаванско море и однел преку 160 животи.
Опашката на авионот ја крие и црната кутија, највредниот дел од авионот кој ќе открие како дошло до несреќата.
Началникот на националната спасувачка служба Франсискис Бамбанг Сулиста изјавил дека е сигурен дека е пронајдена опашката на авионот откако ги видел фотографиите од остатоците на кои може да се забележи логото на комапнијата.
-Успешно го пронајдовме делот на авионот за кој трагавме - рекол Сулиста пред новинарите во Џакарта.
Пронаоѓањето на опашката на авионот е од исклучително значење бидејќи црната кутија, која во најголема мера би можела да помогне во откривањето на причините за несреќата, воглавно се наоѓа во тој дел од авионот.
Авионот „Ер Азија“ падна на 28 декември во Јаванско море, на летот 8501 од Сурабаја во Индонезија до Сингапур со 155 патници и седум членови на екипажот.
Иако во големата спасувачка операција учествуваат повеќе земји, лошите временски услови ја отежнуваат работата на нуркачите, па досега се пронајдени 39 тела, воглавно на индонезиски патници и членови на екипажот, кои пловеле во морето.











