(ВИДЕО) ГАФ: Обама ги налути Американците – недостојно им салутира на војниците
Американскиот претседател Барак Обама предизвика огорченост и остро критики кај дел од американската јавност, кога на интернет се појави видео-снимка на која тој излегува од претседателскиот хеликоптер во Њујорк и притоа американските маринци кои ги пречекуваат ги поздравува со кафе во рацете.
Снимката на Обама, кој бил на пат кон Генералното собрание на Обединетите нации, ја објави Белата куќа на својот Инстаграм профил, но таа набрзо се прошири на социјалните мрежи.
„Само што го видов салутирањето со кафе. Господине претседателе, спуштете ја таа шолја со кафе!“, коментираат Американците на Твитер со посебен хаштаг #lattesalute.
За граѓаните ова е неприфатливо потценување и лош однос кон маринците кои го дочекуваат претседателот.
„Кога се обидуваш да водиш коалиција, покажи му на светот дека ја почитуваш војската. Ова не е само вторник, ова е утро по почетокот на една војна“, напишала една корисничка на Твитер.
Видеото го коментирале и од Националниот одбор на Републиканската партија. „Ова е веројатно најапсурдното видео на претседателот Обама кое некогаш сме го виделе“, велат претставниците на оваа партија.
http://www.youtube.com/watch?v=BVjVg346M58
Слично
