ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ГАФ НА ТРАМП: Го праша колегата од Либерија каде научил толку убаво да зборува англиски

(ВИДЕО) ГАФ НА ТРАМП: Го праша колегата од Либерија каде научил толку убаво да зборува англиски

Претседателот на САД, Доналд Трамп направи гаф и покажа незнаење пред претседателот на Либерија, Џозеф Боакаи при неодамнешната средбата во Белата куќа.

Имено, Трамп му го пофали англискиот јазик на либерискиот претседател кој на средбата се обрати на официјалниот јазик на земјата – англискиот.

Трамп му кажа дека зборува „толку добар англиски“ и праша: „Каде научи да зборуваш толку убаво?“

Боакаи се насмеа и одговори дека научил во Либерија. Американскиот претседател рече дека тоа било „прекрасен англиски.“

„На оваа маса имам луѓе кои не можат ни приближно толку добро да зборуваат“, рече Трамп.

Либерискиот претседател од учтивност не му кажа на Трамп дека англискиот е официјален јазик на Либерија.

Либерија е основана во 1822 година од Американското друштво за колонизација чија цел беше да ги пресели ослободените робови во Африка. Земјата прогласи независност од Американското друштво за колонизација во 1847 година, а денеска во земјата се зборуваат различни јазици, но англискиот е официјален јазик.


ad
Слично

Поврзани вести