(ВИДЕО) ФРЛААТ БОМБА НА ГРУПА ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИЦИ: Хамас користи тактики како во Украина?
Палестинската терористичка група Хамас објави видео од нападот врз израелската армија. Тие користат украински тактики.
На социјалните мрежи се појави видео каде може да се види беспилотно летало високо над населбата Беит Ханун во разурнатиот север на Газа.
Снимките од фрлената бомба од беспилотно летало укажуваат на тоа дека Хамас презема тактики што широко се користат во војната во Украина, пишуваат светските медиуми.
Експлозијата се случува на само неколку метри од израелските војници. Повеќето војници скокнале на нозе и побегнале, а изгледа дека некои останале да лежат, но нивната судбина не е позната, пренесува „The Telegraph“.
Видеото на Хамас објавено на социјалните мрежи не може да биде независно потврдено
Но, експертите велат дека бројот и обемот на употреба на беспилотни летала на Блискиот Исток не се ни приближно до она што се случува во војната во Украина.На 7 октомври, Хамас почна со напади на Израел. Оваа група вели дека мора да запре израелската окупација и да се формира независна палестинска држава со главен град Ерусалим. Хамас сака да го уништи Израел, но и израелските власти се заканија дека ќе ја уништат палестинската терористичка група. Хамас уби над 1.400 Израелци, најголем дел цивили, а во Газа досега загинаа над 9.000 Палестинци.
