Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Француската полиција го уби екстремистот од Стразбур

(ВИДЕО) Француската полиција го уби екстремистот од Стразбур

По два дена потрага и стеснување на обрачот, француската полиција го застрела терористичкиот напаѓач кој уби три лица и тешко рани 12-мина на божиќниот панаѓур во Стразбур.

Осомничениот Шериф Шекат отворил оган на една од улиците во Стразбур, по што полицијата била принудена да возврати и да го убие. 

Се работи за опасен 29-годишен екстремист кој имал повеќе кривични пресуди во Франција и Германија, а наводно станал радикален исламист додека бил во затвор. 

- Тројца полицајци забележале човек што одговара на описот на Шекат, се обиделе да го уапасат но тој отворил оган околу 21 часот по што бил застрелан - потврди Кристоф Кастанер, францускиот министер за внатрешни работи.

Останува да се види и дали во нападот се вмешани родителите и браќата на Шехат, кои беа уапсени веднаш по божиќниот напад. 



Слично

Поврзани вести