Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Француската морнарица објави снимка од пресретнувањето на рускиот танкер

(ВИДЕО) Француската морнарица објави снимка од пресретнувањето на рускиот танкер

Француската морнарица, дејствувајќи врз основа на разузнавачки информации од Обединетото Кралство, вчера пресретна танкер што превезувал руска нафта во Средоземното Море. Операцијата беше насочена кон санкционираната „флота во сенка“ на Русија. Француската морнарица денеска објави снимки од акцијата. 

Приходите од нафта се клучен дел од руската економија, што му овозможува на претседателот Владимир Путин да војува против Украина. 

Инаку, вчера францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека имало таква операција и дека нема да толерираат кршење на меѓународните санкции.

foto X


Слично

Поврзани вести