(ВИДЕО) Франција го нападна Ирак, срамнет со земја центарот на џихадистите!
Франција денеска ги изведе првите воздушни напади во Ирак, во кои, како што соопшти ирачката војска, убиени се над десетина борци од екстремистичката организација на Исламската држава во Ирак и Сирија (ИСИС).
Портпаролот на ирачката војска Касим ал-Мустафа изјавил дека Французите извели четири воздушни удари на градот Зумар, пренесува агенцијата АП.
Кабинетот на францускиот претседател Франсоа Оланд соопшти дека борбените авионот од типот „рафал“ во утринските часови ги гаѓале целите во североисточниот дел на Ирак и дека во таа прилика складиштето е целосно уништено. Оландовата канцеларија најавила дека други операции на француската војска ќе следат во текот на наредните денови.
Началникот на Генералштабот на војската на САД Мартин Демпси, кој е во посета на Франција, ги поздрави француските воздушни удари против екстремистите во Ирак.
„Французите беа нашите први сојузници и повторно ни се најдоа“, рекол Демпси.
