(ВИДЕО-ФОТО) Зимски хорор во Америка: Трета снежна бура во Бостон
Трета снежна бура во изминатите две недели го погоди Бостон и донесe повеќе од 60 сантиметри нов снег, што го собори повеќе деценискиот рекорд и парализираниот сообраќај во јавниот превоз, изјавија денеска од Ју-Ес-Еј тудеј.
Градските власти го прекинаа метрото, тролејбусите и приградскиот железнички превоз вчера во 19 часот и најавија дека и денеска ќе бидат блокирани додека се провери и поправи оштетената опрема.
Скоро 50 патници биле евакуирани на жлезничката станица во Квинси бидејќи возот останал заглавен повеќе од два часа.
Поради очекување на бура, меѓународните аеродроми во Логан и Бостон се со ограничен број на летови.
Повеќе од 60 сантиметри снег има во Квинси, Кохасет, Вејмут и Меса, изјавија од американската Национална метеоролошка служба.
Максималната снежна покривка во Бостон е 94 самтиметри, што е градски рекорд од кога постои евиденција за мерење на висината од снежната покривка.





