Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО+ФОТО) ЗАРОБЕНИ ВО СИРИЈА: Млади италијанки преколнуваат за помош

(ВИДЕО+ФОТО) ЗАРОБЕНИ ВО СИРИЈА: Млади италијанки преколнуваат за помош
Грета Рамели (20) и Ванеса Марцуло (21), млади италијанки кои биле киднапирани во Сирија на 31 јули, вчера се појавија на една интернет снимка која датира од 17 декември. На снимката двете девојки ја молат владата во Рим да помогне во нивно ослободување бидејќи нивните животи се во прашање. Според пишувањето на весникот „Република“ италијанското Министерство за надворешни работи до сега не ја потврдило автентичноста на снимката. foto2 За девојките кои се претставиле како Грета Рамели и Ванеса Марцуло веќе пет месеци не се знаеше ништо, облечени се како муслиманки во црна облека, а едната од нив во рацете држи хартија со напис „17 декември 2014“. Во пораката која трае 23 секунди тие ги наведуваат своите имиња и бараат помош за да се вратат дома, бидејќи биле „во голема опасност“. „Ние сме Грета Рамели и Ванеса Марцуло. Ја молиме нашата влада и нејзините претставници да помогнат да се вратиме дома пред Божиќ. Ние сме во голема опасност и голема е веројатноста да бидеме убиени. Владата и посредниците се одговорни за нашите животи“, наведуваат девојките за кои се смета дека се заробени од страна на припадниците на исламистичкиот Фронт Џубат ал Нусра, кој е близок до Ал Каеда, но не и до Исламисктичката држава.  
Слично

Поврзани вести