(ВИДЕО-ФОТО) За Ел Чапо се омажила на 18 години: Ова е сопругата на нарко босот помлада од него 32 години
Додека го изведуваа од судница по прочитаната пресуда дека е виновен по сите точки на обвинението поради години тргување со дрога, убиства и киднапирања, 61 годишниот поранешен крал на дрогата, Хоакин Ел Чапо Гузман фрли поглед кон сопругата Ема Коронел.
Со насмевка го кренал палецот покажувајќи и да не се грижи.
Неговата 32 години помлада сопруга го следела покерашки со мирно лице, баш како и секој ден на судењето на кое од втор ред без израз на лицето следела што довчерашните соработници на сопругот зборуваат за злосторствата кои ги направил.
Со своите доаѓања Ема покажала дека останува покрај сопругот, без разлика на се.
Баш како што, меѓудругото, порача на социјалните мрежи, неколку недели порано, пишувајќи, очигледно е свесна за доживотната робија на својот сопруг, дека засекогаш ќе го сака и што и да се случи таа секогаш ќе биде тука.
Нејзината улога во текот на судењето била истакната - многумина веруваат дека младата Американка, родена на ранч во Калифорнија, мајка на две близначки и поранешна мисица, со своите појавувања во јавноста и присутност требало да го подобри имиџот на Ел Чапо и можеби да ја омекне поротата.
Но, на згодната црнка, која заштитена од големите наочари за сонце, опкружена од адвокатите и телохранителите на Ел Чапо низ морето на камери се пробиваше до судот, тешко тоа можело да и тргне од рака.

Нејзиниот сопруг е обвинет и дека ширејќи низ Америка од сите видови дрога можеби заработил и 14 милијарди долари, притоа илјадници луѓе починале поради војната меѓу бандите, а истовремено во богатството и раскошот уживала и Ема.
Таа без разлика на се, се трудела да им помогне на бранителите на Ел Чапо.
Уште во 2016 година кога стана јасно дека Ел Чапо ќе биде испорачан во САД, дотогаш таинствената Ема почнала да дава интервјуа за мексиканските медиуми.Помеѓу останатото, истакнувала дека се плаши за животот на нејзиниот сопруг. Повторувала колку многу го сака-скромниот и наивен човек, колку тој ја сака и колку ги сака нивните ќерки близначки.
Многмина биле убедени дека нејзина главна цел била да спречин евентуална ликвидација на својот сопруг во Мексико.

Ема за Чапо се омажила кога имала 18 години, а тој се заљубил во неа на прв поглед кога ја видел на еден натпревар за убавина. Тогаш се погрижил токму таа да победи. Често поради изгледот ја споредуваат со американската старлета Ким Кардашијан.
Венчавката на нарко-босот и младата Ема се одржала во 2007 година, а на целемонијата имало само неколкумина поканети. Ел Чапо тогаш имал 52 години. Таа тврди дека тогаш не знаела дека тој е најбарниот нарко бос.
Иако во последните неколку месеци, додека траеше судењето во Њујорк, на светот се обидувале да му го прикажат својот брак како голема љубовна приказна, вистината, како наведува Гардијан, е дека бракот на Ема со Ел Чапо бил договорен.
Неа ја чувала вооружената војска на Гузман, а во 2012 година добиле близначки кои Ема ги родила во Лос Анџелес. Името на нивниот татко не е запишано во изводот на родени, бидејќи во тоа време неговата глава била уценета на пет милиони долари.
Тој доста време поминувал во бегство, а го следеле голем број верни луѓе како и готвачки кои всушност биле проститутки. Неговата љубов кон жените го чинела и главата бидејќи на своите девојки им давал мобилни телефони.
Во 2015 година дал интервју за актерот Шон Пен што подоцна довело до негово апсење. Ема своевремно изјавувала дека не била љубоморна на другите жени.

-Тој е татко на моите деца и мислам дека повеќе пати покажав дека секаде ќе го следам-рекла таа.
