ВИДЕО+ФОТО: Во страотни поплави во Кина се удавија повеќе од 75 луѓе
Најмалку 75 лица се удавија или се исчезнати во поплавите во Северна Кина, пренесоа американските медиуми.
[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/Ye4y8yrGbKE[/embed]Според властите тоа се најголемите поплави во последниве години.
Во главниот град Пекинг дождовите доведоа до откажување на стотици летови и возови. Поплавени беа и улиците во градот.
Обилните дождови доведоа до излевање на реките во централна Кина. Властите ја мобилизираа воената опрема и ресурси во борбата со стихијата.
Десетици илјади луѓе се евакуирани од поплавените подрачја. Вчера кинескиот претседател Си Цзинпин предупреди дека државни службеници ќе бидат строго казнети, ако покажат небрежност во кризата предизвикана од поројните дождови.
Во реонот на градот Тјенанмен, во провинцијата Хубеи во централна Кина, евакуирани се 34.000 луѓе. Штетите се во милиони долари.





