(ВИДЕО-ФОТО) Во Финска станува страшно! Демонстрантите со камења ги пречекаа бегалците
Со протест го пречекаа автобусот со имигранти во финскиот град Лахти минатата ноќ, соопшти „ТАСС“, повикувајќи се на локалните медиуми. Во автобусот патувале 49 имигранти, меѓу кои имало и семејства со мали деца.
Еден од демонстрантите, облечен во костум кој бил член на „Кју-Клукс-Клан“, почна да фрла камења по автобусот и вработените на Црвениот крст, кои ги пречекувале имигрантите. Во инцидентот нема повредени. Полицијата уапси еден од демонстрантите.
Акцијата доаѓа непосредно по најавата дека на територијата на поранешната касарна во Хеинола ќе бидат сместени имигранти, кои поминале низ регистарскиот премин во Торнио. Новиот бегалски камп ќе може да прифати 450 имигранти и ќе биде најголемиот камп во Финска.
Владата на земјата, вклучувајќи го и премиерот го осудија настанот во Лахти и истакнале дека кон ваквите активности не треба да се манифестира никаква толеранција.
Оваа не е прв протест против бегалците во Финска. Во претходните демонстрации демонстрантите се изјаснија против „нелегалната и неконтролирана“ политика за прием на имигранти и побараа оставка на кабинетот. По оценка на Министерството за внатрешни работи на Финска во земјата оваа година може да пристигнат околу 30 000 имигранти, што е двојно повеќе од првичните пресметки.
Во земјата во моментов има над 20 бегалски кампови и се подготвува отворање на нови.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/aDzQUoahoFM[/embed]


