Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) Во Дубаи никнува нова луксузна енклава на вода

(ВИДЕО-ФОТО) Во Дубаи никнува нова луксузна енклава на вода

Климатските промени се реална работа, која би требало да не загрижува и да не наведе да поведеме повеќе сметка за нашата природа...

Сепак, кога имате милиони или милијарди долари, можете 

да ги победите дури и природните непогоди, поточно лошите ефекти на глобалното загревање. Жив сведок на овие тврдења е Дубаи, кој е нешто слично на банка од архитектонски ремек дела и сосема добро е опремен за сите видови на природни непогоди.


Една од најновите креации на овој емират се нарекува Амиларх и претставува енклава од триесет и три вили, кои се дизајнирани така да пловат на вода. Секоја од овие ексклузивно осмислени и дизајнирани вили, е креирана така да против се повисокото ниво не мора да се бори со подигање, во пропорција со нивото на вода. Спектакуларните вили исто така доаѓаат со базен, двор, дрвја и се пејзажно уредени, а до нив се доаѓа по пат на хидроплан или чамец. Ако им се верува на статистиките, нивото на море ќе порасне за околу 12 метри во претстојните неколку години, што се заканува да поплави голем дел од земјата во Дубаи. Вештачките острови како Амиларх се вистински херој на оваа ситуација.


Со изградбата на овој проект ќе се почне кон крајот на месецот, а процесот ќе го надгледува компанијата Dutch Docklands. Баш како и се друго што Дубаи може да ви понуди, и овие вили доаѓаат со високи цени, па за една од нив ќе ви требаат 23 милиони долари. Ако ги имате тие пари, задолжително вложете во нив, бидејќи тие ветуваат дека ќе траат преку сто години.


Слично

Поврзани вести