Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) Во Британија цело село на продажба, цената ситница!

(ВИДЕО-ФОТО) Во Британија цело село на продажба, цената ситница!
Многумина сонуваат за бегство од градот и еден ден да живеат во некоја куќичка на село. [embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/SkyNews/status/717269976688771073?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed] Можеби и тоа на некој, веројатно богаташ ќе му појде од рака, бидејќи во Велика Британија цело село е ставено на продажба. Секако, за сериозни 20 милиони фунти. Од куќи, пабови, и спортски терени, цел Западен Хеслертон, во Северен Јоркшир, се појави на пазарот, откако 150 години бил во сопственост на едно семејство. [youtubevideo url='https://youtu.be/oxnuU2ALqzU'] Комплексот вклучува 43 куќи, паб, вила со 21 соба, низа бројни градби со различна намена и 800 хектари земја. Последната сопственичка, 84-годишната Ив Донеј, починала пред 5 години без ниту еден наследник. [embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/YNNeRyiBvZw[/embed] „За купувањето владее неверојатен интерес, телефнот не престанува да звони. Засега има најмалку 50 сериозни клиенти“, вели Том Вотсон, директор на агенцијата за недвижнини која се занимава со продажба на Западен Хеслертон. „Овде во последните 50 години ништо значајно не се променило. Селото личи на празно платно кое чека на тоа некој да го преуреди по своја волја“, заклучил Вотсон.  
Слично

Поврзани вести