(ВИДЕО-ФОТО) Во Бразил – ХАОС!
На денот на отворањето на Мундијалот, на улиците во Сао Паоло траат демонстрациите кои полицијата со сила ги гуши. На новинарка од CNN и е скршена рака...
На улиците во Сао Паоло трае војната помеѓу полицијата и демонстрантите, додека организаторите се подготвуваат за церемонијалното отворање на Светското првенство во Бразил.
Натпреварот Бразил-Хрватска почнува во 22:00 часот, а неколку часови пред тоа на улиците околу стадионот „Арена Коринтијанс“ трае вистинска мала војна помеѓу полицијата и радикалните противници на Мундијалот, односно трошењето на милијарди долари за таа цел.
Полицијата исфрли шок бомби за да ја растера групата од околу 200 незадоволни демонстранти поради преголемите трошкови. Тие се обидоа да го пресечат сообраќајот во улиците кои водат кон стадионот во источниот дел на Сао Паоло.
Најжестоките судири се случуваа прилично далеку од Арената, на 13 километри од самиот стадион.
Локалните медиуми јавуваат дека најмалку еден демонстрант е уапсен, а странските медиуми пренесуваат дека е повредена новинарка на американската мрежа CNN, Барбара Арванитидис, на која и е скршена рака.
Демонстрантите ги извикуваа паролите: „Мундијал нема да има“!
Нивниот број драстично опаѓа во последно време, бидејќи минатата сезона околу милион луѓе учествуваа во протестите против Мундијалот, за кој наводно се потрошени околу 14 милијарди долари.





