(ВИДЕО-ФОТО) Удавениот Ајлан погребан во родниот град Кобане
Двете сириски братчиња и нивната мајка, кои се удавија оваа недела, во обид да стигнат до грчкиот остров Кос, беа погребани денеска во северниот сириски град Кобане, соопштува "Ројтерс".
Во трагедијата од оваа недела, која претвори во еден од последните симболи на степенот на кризата со имигрантите и бегалците, меѓу 12-те загинати се уште мајката Рехан Курди и Галип - 5-годишното братче на 3-годишниот Ајлан .
Сликите со исфрленото тело на плажата во Бодрум на малиот Ајлан , кружат низ медиумите и социјалните мрежи во светот и предизвикуваат бран сочувство и гнев.
Телата на тројца од семејството Курди беа пренесени со авион во Истанбул од таму со автомобил - до Кобане. На границата Абдула Курди - единствениот преживеан од семејството, рече дека се надева дека трагедијата ќе ги натера и арапските држави да им помогнат на сириските бегалци. "Сакам арапските влади - не европските земји - да видат што се случи со моите деца и во нивно име да им помогнат на луѓето."
Во четвртокот таткото бликна во солзи, откако излезе од мртовечницата на Мугла - град до одморалиштето Бодрум, каде беше да ги идентификува телата.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/Om2WuHiGKLc[/embed]"Има ли некој на кого децата не му се највредното нешто? Момчињата ми беа прекрасни.Ме будеа секое утро со" Тато, ајде да си играме ".... Сега сето тоа исчезна", изјави тој за новинарите, додека ги товараа трите ковчези.
"Сакам само да седнам до гробовите на жена ми и децата и да ја иапуштам душата. Целиот свет треба да види што се случило со нас, во земјата каде сме принудени за да избегаме од војната. Сакам светот да го запомти моето семејство за да не се повтори тоа со други. Нека ова е последната таква трагедија. "
Во сведочењето пред полицијата, цитирано од "Хуриет", Абдула вели дека два пати им плаќал на шверцери да го пренесат семејството во Грција, но ништо не се остварило. На третиот пат тие купиле брод и тргнале кон 2 часот во текот на ноќта. Но кога тој почнал да се полни со вода, луѓето створиле паника и се превртеле.
"Ја додржав жена ми. Децата ми се излизнаа од рацете, се обидувавме да се задржиме на бродот ... Сите викаа во целосен мрак. Жена ми и децата не можеа да ме слушнат", раскажува Абдула.
Претседателот Реџеп Тајип Ердоган се нареди меѓу светските лидери, кои ја коментираат случката откако сликата на удавеното дете стана популарна во целиот свет и беше објавена во првите страници на бројни публикации. "Европските држави кои го преобратија Медитеранот, во лулка на најстарите цивизации во гробишта за бегалци, исто така, се виновни за овој грев, за секој бегалец, кој го изгубил својот живот", рече во говор во Анкара.
Семејството на Абдула сака да емигрираат во Канада и сега тој тврди дека канадските власти му понудиле државјанство, но тој го одбил. Не, тоа не е точно, на Абдула Курди не му е понудено државјанство, изјавија во Отава.
Сестрата на таткото, која живее во Ванкувер, ги промени првичните тврдења дека му помагала на семејство Курди да се преселат во Северна Америка. Тим Курди изјави дека всушност му помага на другиот свој брат, чија молба била одбиена. Причината била дека тој немал турски документ за идентификација и последователно на тоа ОН не му издале регистарски број на бегалец, со кој ќе може да аплицира за Канада.
"Не заслужија да умрат, не заслужија. Тргнаа кон подобар живот. Ова не требаше да се случи. Не требаше да им се случи ова на нив", вели Курди и додава дека не можела да им помага истовремено на двајцата браќа. "Искрено, не сакам да ја обвинувам канадската влада. Го обвинувам целиот свет."
Четири лица се уапсени во Турција во врска со инцидентот со двата чамци од средата, под сомневање за шверц на Сиријците.
Една од преживеаните - Зејнеп Абас Хади, се онесвести, откако ги виде фотографиите на две од трите нејзини деца на 9 и 11 години. Единствено 7-годишната нејзината ќерка е преживеана.
Омер Мошин, друг од преживеаните, раскажа како доплувал до брегот и почнал да го бара исчезнатиот брат. "На бродот требаше да има 10 луѓе, но тие го преполнија со 17. Со брат ми плативме секој по 2050 евра", цитираат агенциите.
Останува европските лидери да преземат брзо чекори за решавање на оваа бегалско мигрантска криза која ја зафати и Македонија.






